Следете нѐ:
Search
Close this search box.

Јавен повик за асистент во библиотека во Штип

Проект “Регионална акција на ЕУ за образование на Ромите: Зголемена поддршка за образование и можности за ученици Роми во Западен Балкан и Турција “

Асоцијацијата за демократски развој на Ромите „СОНЦЕ“ – Скопје во партнерство со Здружението за поддршка на маргинализирани групи „Ромски Ресурсен Центар“ – Скопје за потребите на проектот објавува:

 

ЈАВЕН ПОВИК БР.02/2024

 

За работен ангажман на определено време за следниве позиции:

• 1(еден) Асистент за библиотека со играчки во општина Штип

 

1.1 Позадина на проектот

Проектот има за цел да го прошири пристапот на децата Роми до квалитетно предучилишно и основно образование и да го зголеми бројот на родители кои ќе имаат активна улога во образованието на децата во Северна Македонија поконкретно во три градови: Тетово, Дебар и Штип. Особени цели на проектот се да се прошири пристапот на децата Роми до најмалку едногодишно предучилишно образование, поддршка на родителите за детскиот развој и образованието во раното детство, олеснување на пристапот и уписот на децата Роми во основните училишта и поддршка на академскиот напредок на запишаните деца. Исто така, активностите ќе придонесат за зајакнување на врската помеѓу родителите и училиштата. Дополнително, проектот има особен фокус на родовата еднаквост. Имплементацијата на проектот ќе придонесе за подобрување на пристапот на ромските деца во предучилишното образование и последователно, зголемување на нивните вештини за ран детски развој и подготвеноста за училиште, и од друга страна зголемување на вештините кај родителите за поддршка на раниот детски развој и грижа, здравје и исхрана за нивните деца во општините Тетово, Дебар и Штип. Проектот е планиран да се имплементира три учебни години во периодот од Јануари 2024 до Јули 2026 година.
Проектот е финансиран од Европската Унија / DG NEAR, а е менаџиран од страна на Ромскиот Образовeн Фонд од Будимпешта. Проектот во Македонија го имплементираат Асоцијација за Демократски Развој на Ромите Сонце од Тетово во партнерство со Здружението за поддршка на маргинализирани групи „Ромски Ресурсен Центар“ од Скопје.

1.2 Опис на општите работни задачи за позицијата Асистент за библиотека со играчки во општина Штип

•Да биде одговорен за организирање на работата на библиотеката со играчки;
•Да учествува во набавката и опремувањето на библиотеката со играчки;
•Да води евиденција во регистарот за играчки во библиотеката;
•Редовно да ја оддржува просторијата каде што е библиотеката со играчките;
•Да се грижи за оддржување на мебелот и инвентарот во библиотеката;
•Редовно да ги оддржува играчките и да се грижи за нивната состојба;
•За време на престојот на децата во библиотеката да се грижи за безбедноста на секое дете;
•Да организира работилници и игри со сите деца, да води грижа секое дете да биде активно вклучено во игрите;
•Да поттикнува пријателство кај децата, емпатија и солидарност;
•Да го следи развојот на децата преку инструментите и алатките од водичот за библиотека со играчки;
•Да ги води децата во текот на нивните сопствени игри со играчките;
•Да се грижи за соодветна вклученост на родителите во активностите на библиотеката со играчки;
•Да води евиденција за присуството на децата и на родителите во текот на активностите во библиотеката и редовно да ја ажурира листата ;
•Да организира средби со родителите чии деца редовно се вклучени во активностите на библиотеката со играчки;
•Редовно да соработува со локалниот медијатор и да презема активности за поголема вклученост на децата и нивните родители во активностите на библиотеката со играчки;
•Да организира и да реализира тренинзи за јакнење на капацитетите на родителите за поддршка на образованието на нивните деца, на различни едукативни теми;
•Пред одржување на тренинг да обезбеди соодветни материјали и соодветна подготовка за тренингот со родителите;
•Да обезбеди листа на присутни родители за време на тренинзите;
•Да обезбеди краток извештај за секој спроведен тренинг со родителите;
•Да присуствува на тренинзи организирани од донаторот и организацијата координатор на проектот;
•Да присуствува на сите состаноци организирани од страна на Ромскиот Ресурсен Центар, организацијата одговорна за имплементацијата на проектот;
•Да пополнува месечен извештај за својата работа

 

1.3 Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните услови:

1. Да имаат завршено најмалку основно образование;
2. Да се жители на општина Штип;
3. Да имаат искуство од работа на терен за општината за која се пријавуваат;
4. Да се препознатливи во заедницата;
5. Да се лица кои имаат развиено соработка со локалните институции;
6. Да се лица кои имаат висок степен на одговорност и да можат да работат под притисок;
7. Предност ќе имаат кандидатите кои се припадници на ромската заедница;

 

1.4 Заинтересираните кандидати треба да ги поседуваат следните вештини и квалификации:

1.Развиени комуникациски вештини;
2.Способност за работа под притисок;
3.Добро познавање на Microsoft office;
4.Способност за тимска и групна работа;

 

1.5 Место на извршување на работните задачи и времетраење на ангажманот

Работните задачи ќе се извршуваат на терен во Штип.

1.6 Насоки за аплицирање

Сите заинтересирани кандидати треба да ја достават следната документација:

1.CV (работна биографија во која треба да бидат наведени типот на ангажмани и за кои институции/организации се испорачани со наведени контакти и референци);
2.Мотивационо писмо;
3.Потврда за највисок завршен степен на образование.

Краен рок за пријавување е 11.04.2024 година

Комплетната документација може да се достави електронски на следната е-маил адреса: info@sonce.org.mk

Лица за контакт: Исмаил Камбери – 071 275 661 или Незир Хусеини – 070 584 991

Ненавремено доставена и некомплетна документација нема да биде земена во предвид.
Врз база на проценката на квалитетот и комплетноста на пристигнатите пријави ќе се генерира скратена листа на кандидати. Само кандидати кои ќе бидат на скратената листа ќе бидат контактирани.

Сподели ја оваа вест:
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Email