Следете нѐ:
Search
Close this search box.

Јавен повик за локални медијатори во Тетово, Штип и Дебар

Проект “Регионална акција на ЕУ за образование на Ромите: Зголемена поддршка за
образование и можности за ученици Роми во Западен Балкан и Турција “

Асоцијацијата за демократски развој на Ромите „СОНЦЕ“ – Скопје во партнерство со Здружението за
поддршка на маргинализирани групи „Ромски Ресурсен Центар“ – Скопје за потребите на проектот
објавува:

ЈАВЕН ПОВИК БР. 01/2024

За работен ангажман на определено време за следниве позиции:

• 1(еден) Локален медијатор во Тетово.
• 1(еден) Локален медијатор во Штип.
• 1(еден) Локален медијатор во Дебар.

 

1.1 Позадина на проектот

Проектот има за цел да го прошири пристапот на децата Роми до квалитетно предучилишно и основно
образование и да го зголеми бројот на родители кои ќе имаат активна улога во образованието на
децата во Северна Македонија поконкретно во три градови: Тетово, Дебар и Штип. Особени цели на
проектот се да се прошири пристапот на децата Роми до најмалку едногодишно предучилишно
образование, поддршка на родителите за детскиот развој и образованието во раното детство,
олеснување на пристапот и уписот на децата Роми во основните училишта и поддршка на академскиот
напредок на запишаните деца. Исто така, активностите ќе придонесат за зајакнување на врската помеѓу
родителите и училиштата. Дополнително, проектот има особен фокус на родовата еднаквост.
Имплементацијата на проектот ќе придонесе за подобрување на пристапот на ромските деца во
предучилишното образование и последователно, зголемување на нивните вештини за ран детски
развој и подготвеноста за училиште, и од друга страна зголемување на вештините кај родителите за
поддршка на раниот детски развој и грижа, здравје и исхрана за нивните деца во општините Тетово,
Дебар и Штип. Проектот е планиран да се имплементира три учебни години во периодот од Јануари
2024 до Јули 2026 година.

Проектот е финансиран од Европската Унија / DG NEAR, а е менаџиран од страна на Ромскиот
Образовeн Фонд од Будимпешта. Проектот во Македонија го имплементираат Асоцијација за
Демократски Развој на Ромите Сонце од Тетово во партнерство со Здружението за поддршка на
маргинализирани групи „Ромски Ресурсен Центар“ од Скопје.

 

1.2 Опис на општите работни задачи за позицијата Локален медијатор за програмата за ран детски развој

• Има целосна одговорност за квалитетот и навремената имплементација и координација на
проектот во рамките на општината за кој е ангажиран;
• Навремено да прибираат и да ги обработуват потребните податоци за проектот според
табели и упатства кои ќе бидат доделени од АДДР „Сонце“’;
• Најдоцна до 10ти од месецот да достават извештај за нивната работа, квалитетно и целосно
пополнет со сите податоци кои се бараат во самиот извештај.
• Следење на редовноста децата во градинка;
• Да реализира теренски посети за утврдување на причините за нередовноста кај децата и
превземање на активности за нивно враќање во градинката;
• Да води детална индивидуална евиденција за децата вклучени во градинка;
• Врз база на табелите доделени од страна на лидер организацијата задолжително
индивидуално да го следи прогресот и редовноста на децата кои се вклучени. Овие податоци
треба да ги ажурира на секои три месеци и да ги доставува до лидер организацијата најдоцна
до 10ти од секој четврти месец;
• Врз база на табелите доделени од страна на лидер организацијата задолжително
индивидуално да го следи осипот на децата, причините за осипот, идентификување на
проблематичните деца и евиденција на прогресот за враќање на децата во градинката.Оваа
табела треба да ја води на месечно ниво и најдоцна до 10ти од наредниот месец да ја
доставува до одговорната организација;
• Прибирање и обработка на други потребни податоци за проектот според табели и упатства
кои ќе бидат доделени од лидер организацијата;
• Да оствари,да оддржува и континуирано да ја подобрува соработката со предучилишната
установа во општината за која е ангажиран како и со другите локални институции;
• Организирање на состаноци на локално ниво во рамките на проектот (мониторинг средби,со
градинката, со воспитувачите,со претставници на ЕЛС и други локални институции,итн);
• Во соработка со одговорните лица на градинката да се потруди да ги решава проблемите кои
ќе произлезат во текот на имплементацијата на проектот;
• Да ги пополнува квалитетно и целосно месечните извештаи и истите да ги праќа до
одговорната организација за тековниот месец најдоцна до 10ти од наредниот месец;
• За сите проблеми кои ги идентификува веднаш да ја информира одговорната организација и
да се најде начин за решавање на проблемот;
• Организирање на најмалку една родителски средби секој месец со родителите Роми чии
деца се вклучени во проектот и за истите да обезбеди записник,листа на присутни и слики и
да ги достави до лидер организацијата најдоцна 5 дена после реализацијата на средбата;
• Редовно контактирање со проектниот тим кој е одговорен за целосната имплементација и
координација на проектот;
• Почитување на роковите кои се наведени во договорот и рокови кои ќе бидат договорени
дополнително во соработка со лидер организацијата на проектот;
Задолжително присуство на сите состаноци кои ќе бидат организирани од лидер
организацијата.

 

1.3 Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните услови:

1. Да имаат завршено најмалку основно образование;
2. Да се жители на општина Тетово, Дебар или Штип;
3. Да имаат искуство од работа на терен за општината за која се пријавуваат;
4. Да се препознатливи во заедницата;
5. Да се лица кои имаат развиено соработка со локалните институции;
6. Да се лица кои имаат висок степен на одговорност и да можат да работат под притисок;
7. Предност ќе имаат кандидатите кои се припадници на ромската заедница;

 

1.4 Заинтересираните кандидати треба да ги поседуваат следните вештини и квалификации:

1. Развиени комуникациски вештини;
2. Способност за работа под притисок;
3. Добро познавање на Microsoft office;
4. Способност за тимска и групна работа;

 

1.5 Место на извршување на работните задачи и времетраење на ангажманот

Работните задачи ќе се извршуваат на терен во општините Дебар, Тетово или Штип согласно
ангажманот на лицето за кое е избран.

 

1.6 Насоки за аплицирање

Сите заинтересирани кандидати треба да ја достават следната документација:
1. CV (работна биографија во која треба да бидат наведени типот на ангажмани и за кои
институции/организации се испорачани со наведени контакти и референци);
2. Мотивационо писмо;
3. Потврда за највисок завршен степен на образование.

 

Краен рок за пријавување е 5 работни дена од датумот на објавување на јавниот повик односно до 22.01.2024 година

Комплетната документација може да се достави електронски на следната е-маил адреса:
info@sonce.org.mk

Лица за контакт: Исмаил Камбери – 071 275 661 или Незир Хусеини – 070 584 991

Ненавремено доставена и некомплетна документација нема да биде земена во предвид.
Врз база на проценката на квалитетот и комплетноста на пристигнатите пријави ќе се генерира скратена
листа на кандидати. Само кандидати кои ќе бидат на скратената листа ќе бидат контактирани.

Сподели ја оваа вест:
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Email