Следете нѐ:

Јавен повик за работен ангажман на определено време за тренер за испорачување на тренинзи за јакнење на капацитетите на ромски и про-ромски организации

Project “Roma civil society for EU accession”

Проект: “Ромскиот граѓански сектор за пристап кон ЕУ“

(project ref. no. IPA III – 2022/441-801)

Асоцијација за Демократски Развој на Ромите СОНЦЕ- Тетово за потребите на проектот “Ромскиот граѓански сектор за пристап кон ЕУ“, објавува:

 

ЈАВЕН ПОВИК БР.05/2023

за работен ангажман на определено време за следната позиција:

1 (еден) тренер за испорачување на тренинзи за јакнење на капацитетите на ромски и про- ромски организации граѓански организации кои ќе бидат вклучени во активностите во рамки на проектот “Ромскиот граѓански сектор за пристап кон ЕУ“, финансиран од Европската Унија (референтен број на проектот: IPA III – 2022/441-801).

 

  • Позадина на проектот

Проектот е дизајниран да ги зајакне ромските и про-ромските организации во Македонија да прераснат во активен чинител во процесот на претпристапни преговори на Република Северна Македонија во Европската Унија. Проектот се имплементира во 10 општини во 6 плански региони: Куманово – Североисточен, Тетово – Полог, Кичево и Дебар – Југозападен, Прилеп и Битола – Пелагониски, Шуто Оризари и Чаир – Скопски, Штип и Кочани – Источен планскио регион.

Главна цел на проектот е да придонесе за подобрување на вклученоста и учеството на ромските/про-ромските граѓански организации во процесот на одлучување и структуриран дијалог за инклузија на Ромите, како и за поефективна имплементација на политиката поврзана со правото на ЕУ реформите осoбено во однос на поглавјата 19 и 23.

 

  1. 2 Опис на работни задачи за позицијата тренер за испорачување на тренинзи во рамки на работен пакет 1 (јакнење на капацитети на граѓански организации) и работен пакет 2 (грантова шема)

·       Да развие детална методологија за спроведување на тренинзи на напредно ниво за повисокиот менаџмент на граѓанските организации за следните теми:Ø Учество во процесите на креирање и донесување на одлуки за прашања кои се однесуваат на ромската заедница во Северна Македонија;Ø  Процеси на политичко застапување, лобирање кон политичари и институции и процеси на политички дијалог во Северна Македонија.·       Да обезбеди комплетни пакети со тренинг материјали (модули, презентации, хендаути, кратки прирачници);·       Да спроведе групни тренинзи за членките на мрежите на граѓански организации предводени од партнерските организации АДРР СОНЦЕ- Тетово и РАЖМ ЛУЛУДИ- Скопје;·       Да спроведе групни или индивидуални тренинзи за организациите кои ќе бидат дел од грантовата шема и ќе спроведуваат мали грантови во рамките на проектот;·       Кандидатот за потребите на АДРР СОНЦЕ треба да испорача вкупно 25 експертски денови во текот на имплементацијата на проектот, според план и програма која ќе биде обезбедена од страна на АДРР СОНЦЕ и проектните партнери; ·       Експертските денови треба да ги опфатат и деновите за подготовка на материјалите, испорачување на тренинзите како и известување за спроведените тренинзи;·       Во текот на спроведувањето на тренинзите задолжително да користи пристап за образование на возрасни и да вклучува интерактивна работа, вежби, симулации, работа во групи, практична работа, итн.·       За секој спроведен тренинг да обезбеди извештај со препораки и заклучоци;·       Да биде во редовна соработка и комуникација со тренерите кои ќе бидат ангажирани од страна на партнерските организации Ромски Ресурсен Центар и РАЖМ Лулуди;·       Да пополнува евиденција на работни часови за неговата работа согласно динамиката на спроведување на тренинзите;·       Редовно да присуствува на состаноците со проектниот тим;·       Да комуницира редовно со одговорните лица на проектот.

 

Дополнително, после развивањето на тренинг програмата за организациите кои ќе бидат корисници на мали грантови, кандидатот кој ќе биде селектиран за тренер ќе треба да развие дополнителни тренинг материјали согласно потребите на организациите кои ќе спроведуваат мали грантови во рамките на проектот.

 

1.3 Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните услови:

  1. Да имаат универзитетска диплома од полето на општествените науки;
  2. Одлично познавање на пишан и говорен англиски јазик;
  3. Да имаат најмалку 3 (три) годишно работно искуство во спроведување на тренинзи на темите и работа со граѓански здруженија;
  1. Да има искуство во подготовка на соодветни тренинг материјали базирани на потребите на целните групи;

5.     За предност ќе се смета доколку кандидатот има искуство во реализација на менторство/тренирање на работно место;

  1. Да имаат добро познавање за конекстот и работењето на невладиниот сектор во Македонија со посебен акцент на ромските и про-ромските граѓански организации;

 

  1. Да имаат добро познавање на процесот и процедурите за ЕУ претпристапни преговори на Репбулика Северна Македонија во контекст на интеграција и инклузија на ромската заедница, особено поглавјата 19 и 23;

 

1.4 Заинтересираните кандидати треба да ги поседуваат следните вештини и квалификации:

  1. Вештини и знаења за планирање и испорака на тренинзи;
  2. Способност за фасилитирање, модерирање, тренирање и пренесување на знаења и вештини;
  3. Способност за работа или тренирање на поголема група на луѓе;
  4. Способност за работа или тренирање на помала група на луѓе;
  5. Способност за работа под притисок;
  6. Добро познавање на Microsoft office;
  7. Способност за тимска и групна работа;
  8. Вештини за планирање и организирање на активности.

 

1.5 Место на извршување на работните задачи и времетраење на ангажманот

Работните задачи ќе се извршуваат регионално на ниво на Република Северна Македонија, односно во 10 општини кои се таргет на проектот.  Ангажманот на тренерот ќе биде во периодот од октомври 2023 до октомври 2025 година согласно динамиката на имплементација на проектните активности.

1.6 Насоки за аплицирање

Сите заинтересирани кандидати треба да ја достават следната документација:

  1. CV (работна биографија во која треба да биде наведено на кои теми имаат испорачано тренинзи и за кои институции/организации се испорачани со наведени контакти и референци);
  2. Потврда за највисок завршен степен на образование;
  3. Предлог програма со методи и техники за реализација на гореспоменатите два модула во точка 1.2 (предлог програмата не треба да биде повеќе од една страна);
  4. Понуда со финансиска конструкција за услугата. Во понудата треба да биде предвидена цена за еден експертски ден, и цена за вкупниот број на експертски денови изразена во бруто износ во денари и во евра.

 

Краен рок за пријавување е 7 дена од датумот на објавување на јавниот повик односно до 18.08.2023 до 16:00 часот.

 

 

 

 

Документите за пријавување на повикот треба да се достават по пошта или електронски на следните адреси/контакти:

 

Поштенска адреса: ул.Иво Лола Рибар 381/3 1200 Тетово

Е-маил адреси: info@sonce.org.mk

 

Ненавремено доставена и некомплетна документација нема да биде земена во предвид.

 

Врз база на проценката на квалитетот и комплетноста на пристигнатите пријави ќе се генерира скратена листа на кандидати. Само кандидати кои ќе бидат на скратената листа ќе бидат контактирани и ќе бидат повикани на интервју.

 

ЈАВЕН ПОВИК БР.05/2023

 

 

 

 

Сподели ја оваа вест:
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Email