Следете нѐ:

Ромскиот граѓански сектор за пристап кон ЕУ

Ромскиот граѓански сектор за пристап кон ЕУ

 

 

Буџет: 365.180 EUR

Времетраење: 02.01.2023-31.12.2025

Партнери:  Ромски Ресурсен Центар, Симплексис, Лулуди

Донатори:  Европска Унија

Наслов на проект:„Ромското граѓанско општество за пристап во ЕУ“

 

Општа цел: Придонес кон зајакнување на активното и значајно учество на ромскиот и проромскиот граѓански сектор во одлучувањето и структурираниот политички дијалог за вклучување на Ромите, поефикасна имплементација на реформите во политиката поврзани со правото на ЕУ особено во врска со поглавјата 19 & 23.

Специфични цели: 1. Подобрување на капацитетите на мрежите на ромски и проромски граѓански организации за структурирана соработка и дијалог со јавните институции и други засегнати страни; 2. Подобрување на капацитетите на мрежите на ромските и проромските граѓански организации и другите помали организации за мониторинг и застапување за спроведување на реформите на правото на ЕУ во областите од поглавјата 19 и 23, со фокус на жените Ромки; 3. Зајакнување на заедничките напори на мрежите на ромските и проромските организации и други засегнати страни кон заедничките цели за поддршка и унапредување на реформите и процесот на пристапување; 4. Јавните институции поддржуваат/овозможуваат поактивно вклучување и  консултации со ромските и проромските граѓански организации во секторските работни тела и други тела за креирање политики; 5. Придонес кон  реализација на целите од стратегиите и акционите планови на ЕУ применливи за земјата  со фокус на жените Ромки; 6. Унапреден граѓански сектор и општествена поддршка/позитивни ставови за приближување кон стандардите на ЕУ и реформите за пристапување во ЕУ.

Целни групи: ромски и проромски неформални мрежи на граѓански организации, други ромски и проромски мали grassroot граѓански организации, јавни институции вклучени во секторски работни групи и реформи на политиките на правото на ЕУ (Министерство за труд и социјална политика, Секретаријат за Eвропски Прашања, телата за еднаквост, Национално координативно тело за спроведување на Стратегијата за вклучување на Ромите, Национален совет за европска интеграција, Совет за соработка и развој на граѓанското општество, други министерства, бизнис сектор и други приватни или јавни чинители. Крајни корисници: секторски работни групи, владини тела одговорни за пристапување во ЕУ, други (про)ромски граѓански организации и пошироко граѓанско општество, поширокото општество (вклучувајќи ги Ромите)

 

Главни активности:

1 – Градење капацитети и зајакнување на соработката на мрежите на ромски/проромски граѓански организации (и други ромски/проромски граѓански организации)

2 – Грантови за ромски/проромски граѓански организации за реализација на целите на стратешката рамка на ЕУ за Ромите за еднаквост, вклучување и учество, и Родов акционен план на ЕУ III CLIP (вклучувајќи обука и менторство за грантисти)

3 – Промоција на застапување и партиципативно креирање политики, вклучително мониторинг на политиките и активности за следење на прашањата за секторските реформи и преговорите со ЕУ во врска со прашањата за интеграција на Ромите, зајакнување на соработката со сите релевантни чинители, подобрување на улогата на ромските и проромските организации за интеграција на Ромите во секторските работни групи

4 – Подигнување на свеста на граѓанското општество, ромското население и поширокото општество за вредностите и принципите на ЕУ и процесот и реформите за пристапување во ЕУ

 

Очекувани резултати:

– Зајакнати вештини и капацитети на две ромски/проромски неформални мрежи на граѓански организации и други ромски/проромски грасрут граѓански организации, за истражување и анализа, следење на секторските политики, застапување и лобирање, вмрежување, дијалог, градење коалиции , вклученост врз основа на докази во процесите на донесување политики и одлуки итн. во однос на реформите на правото на ЕУ.

– Зајакнати механизми за соработка помеѓу членките на две ромски/проромски граѓански мрежи, како и други клучни чинители, за процесите/реформите за пристапување во ЕУ.

– Зголемено признавање од страна на јавните институции за важноста на ромските/проромските граѓански организации во севкупната дебата за општествените политики и процесите на интеграција во ЕУ.

– Промовиран и поддржан развој и имплементација на годишни акциски планови на секторски работни групи за интеграција на Ромите.

– Зголемено учество на ромски/проромски граѓански организации во други секторски работни групи и/или структурирана соработка со други релевантни јавни тела (на пример, Народен правобранител, Комисија за заштита од дискриминација итн.), во соработка со Националниот совет за граѓанско општество

– Зголемена реализација на целите на стратешката рамка на ЕУ за еднаквост на Ромите, вклучување и учество за 2020-2030 година, Родовиот акционен план на ЕУ III: План за имплементација на ниво на земја (CLIP) за Република С.Македонија

– Зголемено разбирање на ромскиот/проромскиот граѓански сектор, Ромите и другите граѓани за вредностите и принципите на ЕУ, клучните приоритети и политики, процесот на пристапување, придобивките и обврските од членството во ЕУ

Сподели го проектот:
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Email