Следете нѐ:
Search
Close this search box.

Зголемување на пристапот и учеството на ромските деца во квалитетен ран детски развој и основното образование

Зголемување на пристапот и учеството на ромските деца во квалитетен ран детски развој и основното образование

Зголемување на пристапот и учеството на ромските деца во квалитетен ран детски развој и основното образование

Главната цел на проектот е да придонесе за подобрување на пристапот на ромските деца во предучилишното образование, олеснување на пристапот и запишувањето на ромските деца во основните училишта, поддршка на академскиот напредок на запишаните деца, зајакнување на капацитетот на родителите и врската помеѓу родителите и образовните институции во Македонија.

Проектот ќе дејствува на две нивоа, како што се образование за раното детство (EDC) и основно образование. Преку  главните текови на овие две нивоа, проектот ќе обезбеди единствен модел на одржливи инвестиции во образованието на Ромите. Особено е важно што нашиот предлог, исто така, дава големо внимание на вклучувањето на родителите во поддршката на образованието на нивните деца. Проектот ќе се спроведува во три општини: Шуто Оризари, Тетово и Гостивар.

– Зголемен пристап и учество на ромските деца во предучилишното образование (цел една или две години пред основното образование)

– Запишување на деца во градинките во Тетово и во Гостивар

– Имплементација на мотивациони активности на терен за ромските семејства

– Родителски активности

– Активности на часови во заедницата во домот

– Обука за надградба на вештините на вработените во градинките

– Обука за тимот на RRC и RDDA – Сонце

Сподели го проектот:
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Email