Италијанската невладина организација CELIM и македонската граѓанска организација АДРР СОНЦЕ го реобјавуваат Повикот за доделување на суб-грантови за зелени акции засновани во заедницата (референтен код А2.1).
Овој повик е наменет за граѓански организации кои имаат заложба за зачувување и заштита на животната средина, основани се во Северна Македонија и имаат регистрирано седиште во која било од општините лоцирани во Пелагонискиот регион.
Повикот е дел од проектот „Граѓанско општество во акција за заштита на животната средина и одржлив урбан развој (CSA)“, ко-финансиран од Делегацијата на Европската Унија.
Детали за повикот
-
Цел на повикот: Поддршка на иницијативи за зачувување на животната средина и зелени акции во заедницата.
-
Вкупен расположлив буџет: 87.000,00 евра.
-
Времетраење на проектите: 8 месеци.
-
Географски фокус: Пелагониски регион.
Рокови и начин на аплицирање
Сите заинтересирани организации се поканети да го консултираат „Водичот за апликанти за мали грантови“, каде што се наведени деталните критериуми и упатства за аплицирање.
Крајниот рок за поднесување на предлог-проектите е 15 февруари 2026 година, до 16:30 часот.
Потребната документација може да се преземе од следниов линк: https://sonce.org.mk/mk/grantovi-za-community-based-green-action-za-graganski-organizacii-od-pelagonija/
Информации и појаснувања
За какви било барања за појаснување или дополнителни информации, потенцијалните апликанти можат да се обратат по електронска пошта. Прашањата треба да се испратат најдоцна до 10 февруари 2026 година на следниве адреси:
Сите одговори ќе бидат јавно објавени на наведените веб-страници и ќе се ажурираат на неделна основа.
Проектот „Граѓанско општество во акција за заштита на животната средина и одржлив урбан развој (CSA)“ (IPAIII/2024/453-343) е финансиран од Европската Унија преку ИПА Програмата за граѓанско општество и медиуми 2022–2023.



