Општина Тетово, во соработка со Локалната акциона група на Ромите – Тетово, ги поканува сите заинтересирани граѓани, активисти, претставници на ромската заедница, млади, жени и граѓански организации кои сакаат да придонесат за развој и подобрување на условите за живот на ромската заедница во Тетово да се приклучат на иницијативите и активностите на Групата.
Доколку имате идеи, предлози или сакате да бидете дел од процеси кои придонесуваат за подобрување на условите во областите на образование, вработување, здравствена заштита, домување и социјална инклузија, ве покануваме да станете член на Локалната акциона група на Ромите – Тетово.
🤝 Вашиот глас е важен.
💡 Вашите идеи создаваат промени.
🌟 Заедно, градиме посилна и поинклузивна заедница.
За повеќе информации и за вклучување, ве молиме контактирајте ја Општина Тетово или ADRR „Сонце“ – Тетово.



