На 27 октомври 2022 година АДРР СОНЦЕ организираше Отворени денови за справување со говорот на омраза кои ги посетија 119 ученици од Основното Училиште Лирија и Општинското Средно Медицинско Училиште Никола Штејн од Тетово.
Со учениците се разговараше што тие подразбираат под говор на омраза, како можат да го препознаат таквиот говор како и што можат да направат да ја спречат таквата појава. Исто така, беа запознати со најчестите предрасуди и примери на говор на омраза со кои се соочува ромската заедница и разговараа што можат како поединци или група да преземат за да придонесат во борбата против говорот на омраза особено на социјалните мрежи. Главни пораки од страна на младите беа: и возрасните да се сензибилизираат на темата, да не подлегнуваат на провокативни објави, да бидат толерантни на различности, да застапуваат за припадници на ранливите категории и да разграничуваат слобода на изразување со говор на омраза. На учениците им беа поделени промотивни материјали брошури, маици, налепници, алки и тетратки. Оваа активност беше организирана во рамките на Отворените денови на Јавната кампања „Блокирај ја омразата. Сподели ја љубовта“ во рамки на проектот Справување со говорот на омраза на Западен Балкан финансиран од Советот на Европа и кофинансиран од Европската Унија во рамки на Акцијата за промовирање на различноста и еднаквоста во Западен Балкан преку Хоризонталниот инструмент за Западен Балкан и Турција, заедничка програма на Европската Унија и Советот на Европа која има за цел да ги поддржи властите во Југоисточна Европа да се усогласат со стандардите на Советот на Европа и законодавството на Европската Унија во рамките на процесот на проширување.