Симни го ПОВИКОТ ОВДЕ
Проект ,,Проширување на пристапот и вклучувањето на децата Роми во услугите за ран детски развој и основно обрaзование во Северна Македонија”
Асоцијацијата за демократски развој на Ромите „СОНЦЕ“ – Скопје во партнерство со Здружението за поддршка на маргинализирани групи „Ромски Ресурсен Центар“ – Скопје за потребите на проектот објавува:
ЈАВЕН ПОВИК БР.4/2024 За работен ангажман на определено време за следната позиција: 1(еден) стручен соработник за спроведување на обуки за родителски вештини за родители кои имаат вклучени деца во градинките во општините Дебар, Штип и Тетово во рамки на проектот „ Проширување на пристапот и вклучувањето на децата Роми во услугите за ран детски развој и основно обрaзование во Северна Македонија” “.
1.1 Позадина на проектот
Проектот има за цел да го прошири пристапот на децата Роми до квалитетно предучилишно и основно образование и да го зголеми бројот на родители кои ќе имаат активна улога во образованието на децата во Северна Македонија поконкретно во три градови: Тетово, Дебар и Штип. Особени цели на проектот се да се прошири пристапот на децата Роми до најмалку едногодишно предучилишно образование, поддршка на родителите за детскиот развој и образованието во раното детство, олеснување на пристапот и уписот на децата Роми во основните училишта и поддршка на академскиот напредок на запишаните деца. Исто така, активностите ќе придонесат за зајакнување на врската помеѓу родителите и училиштата. Дополнително, проектот има особен фокус на родовата еднаквост. Имплементацијата на проектот ќе придонесе за подобрување на пристапот на ромските деца во предучилишното образование и последователно, зголемување на нивните вештини за ран детски развој и подготвеноста за училиште, и од друга страна зголемување на вештините кај родителите за поддршка на раниот детски развој и грижа, здравје и исхрана за нивните деца во општините Тетово, Дебар и Штип. Проектот е планиран да се имплементира три учебни години во периодот од Јануари 2024 до Јули 2026 година. Проектот е финансиран од Европската Унија / DG NEAR, а е менаџиран од страна на Ромскиот Образовeн Фонд од Будимпешта. Проектот во Македонија го имплементираат Асоцијација за Демократски Развој на Ромите Сонце од Тетово во партнерство со Здружението за поддршка на маргинализирани групи „Ромски Ресурсен Центар“ од Скопје.
1.2 Опис на работни задачи за позицијата стручен соработник за спроведување на мотивирачки работилници за родители кои имаат вклучени деца во градинките во општините Шуто Оризари, Тетово и Гостивар
•
Да испорача најмалку по три работилници со родители во следните градинки: „Младост“ во Тетово, „Брешиа“ во Дебар и „Астибо“ во Штип до 31.07.2024;
•
Да подготви материјали за работилници за следните теми: нега во раниот детски развој, важноста на хигиената и стекнување на хигиенски навики кај децата, вирусни заболувања кај децата и нивно третирање, орално здравје кај децата, важноста на предучилишното образование и раниот детски развој кај децата за правилен раст и развој;
•
Да обезбеди комплетни материјали за работилниците: ППТ презентација
1.3 Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните услови:
1.
Да имаат универзитетска диплома по една од наведените струки: психологија, социјален работник, здравствен работник и слични професии кои имаат додадено значење за креирање обука за вештини кај родителите
2.
Да имаат најмалку 5 (пет) годишно искуство во нивната струка;
3.
Да имаат одлично познавање на ромската заедница;
4.
Да бидат мотивирани да работат во мултиетнички контекст.
1.4 Заинтересираните кандидати треба да ги поседуваат следните вештини и квалификации:
1.
Развиени комуникациски и преговарачки вештини на високо ниво;
2.
Знаење и вештини за пренесување на знаење и информации на возрасни;
3.
Вештини за водење на работилници и менаџирање со поголема група на луѓе;
4.
Способност за мотивирање;
5.
Добро познавање на Microsoft office;
6.
Способност за тимска и групна работа;
1.5 Место на извршување на работните задачи и времетраење на ангажманот Работните задачи односно работилниците ќе се извршуваат во просториите на градинките „Брешиа“ во Дебар „Младост“ во Тетово и „Астибо“ во Штип.
1.6 Насоки за аплицирање Сите заинтересирани кандидати треба да ја достават следната документација:
1.
CV (работна биографија во која треба да бидат наведени типот на ангажмани и за кои институции/организации се испорачани со наведени контакти и референци);
2.
Мотивационо писмо;
3.
Потврда за највисок завршен степен на образование.
Краен рок за пријавување е 10.07.2024 година
Комплетната документација може да се достави електронски на следната е-маил адреса: [email protected]
Лица за контакт: Исмаил Камбери – 071 275 661 или Незир Хусеини – 070 584 991
Врз база на проценката на квалитетот и комплетноста на пристигнатите пријави ќе се генерира скратена листа на кандидати. Само кандидати кои ќе бидат на скратената листа ќе бидат контактирани.
Ненавремено доставена и некомплетна документација нема да биде земена во предвид.
Врз база на проценката на квалитетот и комплетноста на пристигнатите пријави ќе се генерира скратена листа на кандидати.



